06.04.2021 ... Во консултација со Комисијата за заразни болести и Агенцијата за млади и спорт, а во врска со рестриктивните мерки поради пандемијата со Ковид-19, кои ќе се применуваат од 6. до 20. Април, 2021 година, а се однесуваат за спортски сали, Ве известуваме дека оваа мерка НЕ ГИ ОПФАЌА клубовите кои се во систем на натпревар во рамките на националната федерација. Имено, кошаркарските клубови продолжуваат со тренажен процес и натпреварите според утврдениот систем и календар ќе се одигруваат во зависност и согласно забраната за движење до 20:00 часот. Се молат клубовите да се придржуваат и понатаму на досегашните рестриктивни мерки во салите и надвор, и како и строго се забрануваат посетители (гости) на натпреварите.