29.04.2023

Добра ждрепка за дел од европските национални тимови на Светскиот Куп

Извлечени групите за Мундобаскетот: Грција против САД, лесна задача за Србија и Словенија во првиот круг

Во Манила (Филипини) денеска беа извлечени групите за Светскиот Куп кој ќе се игра од 25. август до 10. септември во Филипини, Јапонија и Индонезија.

Можеби најинтересниот дуел го носи групата „Ц“ каде што САД ќе игра против Грција каде што прва ѕвезда е Јанис Адетокумпо. Покрај овие две селекции во оваа група се уште и националните тимови на Јордан и Нов Зеланд.

Еден од фаворитите за медал, репрезентацијата на Србија ќе игра во група со Јужен Судан, Кина и Порторико. А добра ждрепка има и за селекцијата на Словенија, која извесно е ќе ја предводи Лука Дончиќ. Како дел од групата „Ф“ ќе се сретнат со селекциите на Зеленортски Острови, Грузија и Венецуела.

ГРУПИТЕ ЗА МУНДОБАСКЕТОТ: