16.01.2018

Извлечени групите за втората рунда од претквалификациите за ЕП2021

Нашата национална селекција во сениорска машка конкуренција на крајот на месец февруари ќе одигра уште еден натпревар од првата рунда во рамки на претквалификациите за Евробаскет 2021. Во моментов, нашата селекција е првопласирана во групата А, а на денешниот ждреб во Минхен се извлекоа и групите за втората рунда од овој претквалификациски циклус.

Доколку Македонија го задржи првото место во групата А, тогаш во наредната рунда ќе се пресмета со четврторангираните селекции од групите Ц и Д од европските квалификанти за СП2019. Засега, тоа се селекциите на Косово и Хрватска.