09.10.2019

Извлечени натпреварувачките броеви за ПЛЖ за сезона 2019-2020

Денеска во просториите на Кошаркарската федерација на Северна Македонија беше одржан ждреб за натпреварувачките броеви на клубовите кои ќе се натпреваруваат во Првата лига во женска сениорска конкуренција за сезоната 2019/2020.

Дванаесет екипи ќе се борат за титулата државен шампион, а кошаркарките на Вардар ќе се обидат да ја одбранат историската титула освоена минатата натпреварувачка сезона.

Првото коло ќе се одигра идниот викенд, 19.10.2019.

НАТПРЕВАРУВАЧКИ БРОЕВИ

  1. Баскет Кам
  2. Патриот 2016
  3. Трокал
  4. Пробаскет Академија
  5. Пантери
  6. Струга 2009
  7. Студент Академија
  8. Шкупи
  9. Вардар
  10. Гостивар 2009
  11. Бадел 1862
  12. Крива Паланка

Двојки прво коло ПЛЖ 2019/2020
Баскет Кам – Студент Академија
Патриот 2016 – Шкупи
Трокал – Вардар
Пробаскет Академија – Гостивар 2009
Пантери – Струга 2009
Бадел 1862 – Крива Паланка