Андреј Јакимовски продолжува со одличните игри на Апенините. На последниот меч за својот нов клуб во Италија, момчето од Крива Паланка реализираше неверојатни 42.поени и 20.скока.
Андреј Јакимовски не престанува да ја воодушевува кошаркарската публика во Италија, поточно во Торино и околината.
Младиот македонски репрезентативец имаше уште една извонредна партија во својата кариера. На дуелот од конкуренцијата „Под 18“ години, за својот Новипиу Кампус Пиемонте, против екипата на Палаканестро Колеџ Баскетбал, Јакимовски постигна 42. поени.
Освен тоа имаше и 20. скокови на двете страни од теренот, сето тоа доволно за индекс на корисност – 57!!!
Тоа е и нов рекорд во оваа возрасна категорија во младинските лиги на Италија, што беше доволно, а и логично, Јакимовски да биде прогласен за МВП на овој круг од натпреварите, а навивачите да го прогласат за „Јакимонстер“.
Заслужено...