15.12.2020

Аналитичарите велат дека сето ова е „пребрзо“ за еден „фрешмен“ играч во силната конкуренција

Јакимовски е топ класа, но мора да ги намали – загубените топки!

Новинарите кои ги следат случувањата во НЦАА лигата, особено настапите на Универзитетот Вашингтон Стејт, се едногласни во оценките.

Дека „Кугарс“ го добиле највисоко оценетиот регрут во минатогодишната класа на играчи кои влегоа во оваа конкуренција.

Дека Андреј Јакимовски работи многу добри работи на теренот на почетокот на новата сезона.

Но и тоа дека сето ова што му е случува на „фрешменот“ на Вашингтон Стејт доаѓа некако пребрзо.

Особено по повредата на еден од носителите на играта, Ди-Џеј Родман.

„Денеска, на целата оваа ситуација со повредите, дојде и моментот кој вели дека Јакимовски играше 34. минути. Тој е највисоко оценет регрут во минатогодишната класа и прави многу добри работи на теренот. Но во моментов загубените топки се неговиот проблем. Тој има десет на последните два натпревари, и вкупно 14. од почетокот на сезоната. Овен тоа, да го играте 30 и повеќе минути во моментов е малку несигурно“- гласат анализите на оние кои се најдобро запознати со актуелниот момент во кој се наоѓаат популарните „Кугарс“, и „рукито“ во нивните редови.

Извесно е дека оваа „скратена ротација“ на Вашингтон ќе услови овој висок број на минути за македонскиот бисер да остане непроменет и на натпреварите кои следуваат.

Како што напоменуваат медиумите блиски до „Кугарс“, останува стручниот тим, предводен од тренерот Смит да продолжи да креира најдобра петорка, онаа која носи резултати во овој уводен дел од сезоната во Пацифик 12 дивизијата од НЦАА лигата. А во која неизоставен дел е токму Андреј Јакимовски!