10.01.2021

Македонскиот репрезентативец го одигра својот најдобар натпревар во деби сезоната во НЦАА лигата.

Јакимовски ги поместува границите – играч на натпреварот против Стенфорд

Андреј Јакимовски повторно го собори личниот рекорд. На гостувањето кај Стенфорд, постигна 19 поени до кои дојде со пет тројки од девет обиди со што беше прв стрелец во својата екипа.

Досегашниот најдобар ефект на нашиот играч беа 15. поени од дуелот против Аризона, одигран на 2 јануари на домашен терен,

Но, одличниот настап на Јакимовски вечерва не беше крунисан со победа бидејќи Кугарс го претрпеа вториот пораз во сезоната, (60:75).

Андреј Јакимовски е прогласен за играч на натпреварот во тимот на Вашингтон Стејт Универзитетот. За 35 минути на теренот постигна 19 поени (5/9 за три и 2/4 за два поени).

До крајот на турнејата низ Калифорнија, Вашингтон Стејт го очекуваат уште два натпревари. Еден од нив е посебно интересен. На 14. јануари, против најтрофејната екипа во НЦАА, УКЛА.

Bang, @andrejjaki23 with a 4th three-pointer and a career high for the sniper#GoCougs

 https://t.co/XEMS0ddkzH pic.twitter.com/6JSfHEZcvl

— WSU Men's Basketball (@WSUCougarMBB) January 9, 2021