Андреј Јакимовски и неговиот Вашингтон Стејт продолжуваат во победнички ритам. По мала пауза која ја предизивика присуството на корона вирус во кампот на „Кугарс“, екипата од главниот град на САД го одигра и четврттиот натпревар од почетокот на сезоната.
И уште еднаш, со голем пресврт во второто полувреме стигна до триумфот. Против Ајдахо Вандалс, славеа Јакимовски и соиграчите со резултат (61:58).
Што е поважно за нас, со уште една одлична партија на македонскиот репрезент.
На оваа средба Јакимовски одигра 21.минута. А за периодот поминат во игра, дојде до ефект од 11.поени (3/4 за три и 1/2 за два поени), но и четири скока и една асистенција.
Многу важна улога одигра Јакимовски во победничката серија на „кугите“ од (19-0) реализирана во средишниот дел од второто полувреме.
Крилото на Вашингтон Стејт погоди две тројки, и една двојка, за осум поени од тие 19, на крајот се покажаа и како победнички поени.
Што кажа Андреј Јакимовски во своето прво интервју дадено за локалните медиуми по завршувањето на оваа средба: