Вашингтон Стејт триумфално ја почна турнејата низ Калифорнија, го победи истоимениот колеџ со (71:60).
Вашингтон Стејт и Андреј Јакимовски им се вратија на победите во НЦАА лигата. Серијата на гостувања низ Калифорнија за отворија со победата над истоимениот колеџ со сигурни (71:60)
Андреј Јакимовски немаше своја вечер. За 31.минута во игра, македонскиот репрезент постигна само два поена. И двата од линијата за слободни фрлања. Имаше и шест скока што е над неговиот просек оваа сезона.
Со оваа победа Кугарс се вратија на челната позиција во дивизијата Пак-12 со биланс 9-1.
А Јакимовски и соиграчите ќе имаат неполни 24 часа за одмор, затоа што веќе утре ја продолжуваат серијата на средби на гостински паркетот, сега кај Стенфорд