03.01.2021

Вашингтон Стејт Универзитет го доживеа првиот пораз во НЦАА оваа сезона

Јакимовски ја помести поентерската граница, но Аризона ги сопре „Кугарс“

Во дуелот на на двете најдобри екипи во дивизијата Пацифик-12, триумфираше Аризона со (86:82), по две продолженија, откако во регуларниот дел од играта резултатот беше (70:70), а по првото продолжение (76:76).

Македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски одигра уште еден одличен натпревар. Стигна до нов поентерски личен рекорд. Забележа 15. поени, а одигра 42 минути што, исто така, е најдолго време поминато на терен за него.

Младиот Македонец имаше  четири погодени тројки од шест обиди и додаде осум скока и една асистенција, со кои го покачи својот просек на постигнати поени на 7.1, и на скокови, по 5.8 по натпревар.