Во периодот кога нашата сениорска репрезентација игра квалификациски натпревари за пласман на Европското првенство во 2022 година, Андреј Јакимовски не може да „побегне“ од обврските кои ги има во НЦАА лигата.
За жал, Јакимовски не може да му помогне на националниот тим, но одлично е тоа што се наоѓа во добра форма и само покажува какво засилување би бил ако се пласираме на континенталниот шампионат.
Синоќа, во убедливата победа на ВСУ против Универзитетот Калифорнија. дојде до личен рекорд од девет асистенции. Освен тоа допиша и 11. поени, но и 7.скока.
Доволно младиот Македонец да биде во центарот на вниманието на локалните медиуми:
„Се обидувам да останам фокусиран иако последниот месец имав проблеми со повредите. Тренерот и помошниците постојано ме охрабруваат да преземам одговорност и сакам да ги послушам и испочитувам. Денеска имавме одличен тимски ефект и се надевам дека така ќе продолжиме. Многу ми е важно да го погодам првиот шут, потоа ми се крева самодовербата и многу е полесно. Убаво е тоа што се вратив на теренот, ми беше тешко кога не можев да играм и не можев да помогнам“ - искоментира Јакимовски по триумфот на неговата екипа.