24.12.2020

Нашиот млад кошаркар постави личен рекорд во бројот на остварени скокови...

Јакимовски со нов, скокачки рекорд!

Вашингтон Стејт Универзитетот ја продолжи својата победничка серија во НЦАА. „Кугарс“ стигнаа до осмиот триумф во сезоната, а нова „жртва“ на Андреј Јакимовски и соиграчите беше екипата на Нортвестерн Стејт од 62-52.

„Кугарс“ се на челната позиција во дивизијата Пацифик 12, со максимален скор по осум одиграни мечеви.

Андреј Јакимовски повторно беше стартер. Но откако е во Вашингтон, го имаше најслабото офанзивно издание во овие осум средби со „Кугарс“.

Не реализираше ниту еден од осумте обиди од поле. Единствените поени, три, ги постигна од линијата за слободни фрлања, со половичен ефект (3/6), а имаше и помалку време минато на теренот, 24 минути.

Од друга страна пак,  македонскиот репрезентативец постави личен рекорд од 12 скока (четири офанзивни и осум дефанзивни).

Досегашниот негов рекорд изнесуваше осум скока, остварен на дуелот против Монтана.

Следниот натпревар на Вашинтон Стејт е на последниот ден од оваа година, против Аризона Стејт, десеттопласираната екипа во истата дивизија.