19.12.2020

И по шестиот натпревар од новата сезона во НЦАА, Вашингтон Стејт Кугарс имаат максимален ефект.

Јакимовски стандардно – „двоцифрен“

За разлика од претходните пет натпревари, во дуелот со Монтана Стејт, „Кугарс“ делуваа доминатно, и ефикасно. ја остварија и најубедливата победа, изразена со 28. поени разлика откако славеа со резултат (82:54).

 Андреј Јакимовски повторно беше еден од главните актери на теренот, одигра 34. минути и постигна двоцифрен број поени. Имаше ефект од 10 поени (2/6 за три и 2/4 за два поени ), како и седум скока и две асистенции.

Следен противник на ВСУ е Прејри Вју, третопласираниот тим во Југозападната дивизија кој не одиграл ниеден натпревар од 30 ноември.