Кошаркарката на Вардар, Јана Пислевска, беше избрана и за најкорисен играч на дводневниот собир на најдобрите млади кошаркарки од М18 лигата во Делчево.
Во финалниот меч во кој нејзината екипа, Вардар, стигна до победа против екипата на Патриот 2016, и до златните медали, реализираше дабл-дабл ефект, изразен преку 17.поени (4/6 за три, 2/5 за два и 1/4 за еден поен), но и 11.скока (три офанзивни), шест успешни додавања до соиграчките, но и феноменални осум освоени топки.
Сето тоа за индекс 33, најмногу во двете екипи кои играа во големото финале.