01.06.2025

Кошаркарката на Вардар, Јана Пислевска е најкорисниот играч на завршниот турнир од М16 лигата во женска конкуренција.

Јана Пислевска е најкорисен играч на кадетскиот „фајнал-фор“

Кошаркарката на Вардар, Јана Пислевска е најкорисниот играч на завршниот турнир од М16 лигата во женска конкуренција.

Кадетската репрезентативка на Македонија одигра еден, слободно може да се каже, ол-раунд меч во финалето, и сосема заслужено го доби признанието за најкорисен играч-МВП на финалниот тунир во женска кадетска конкуренција.

Гледано низ бројки, одигра 37:13 минути во кои реализираше 13.поени, имаше и 15. скока (четири офанзивни), но и осум успешни додавања, четири освоени топки, сето тоа за највисоки индекс на корисност - 25.