Иако мечот за титулата го дочека на клупата за резерви (поради пет лични грешки), тоа не и посмета на Јана Пислевска да оствари одлични индивидуални бројки.
За 34.20 минути на теренот во СРЦ „Кале“, реализираше 19.поени, но освен тоа додаде и десет скока, имаше и осум асистенции, дури седум освоени топки, за индекс – 26.
А сличен беше нејзиниот ефект и во полуфиналниот натпревар, во кој Вардар беше убедливо подобар од Тим Арена.
За 22:49 минути во игра, даде 20.поени, а додаде и девет освоени топки, седум скока, три асустенции, за индекс -33!