05.08.2024

Капитенот на нашата јуниорска селекција заврши со просек од 22. 6 поени на осум одиграни натпревари

Јаничиќ го „потврди“ МВП изборот, со титулата најдобар стрелец на шампионатот

И пред почетокот на Европското првенство од Дивизијата „Б“ во Скопје, селекторот Горан Андреевски, најави дека Никола Јаничиќ е лидер на оваа наша генерација на млади кошаркари и дека тоа што следува, ќе бид еи вистински покатзател за неговите најавни збори.

Најавеното, испадна и реализирано од страна на капитенот на нашата јуниорска репрезентација.

На крајот, она статистичко резиме вели дека Никола Јаничиќ е најдобриот стрелец на првенството кое овој викенд заврши во Скопје.

Со оние 30 поени во финалниот натпревар прптив Австрија, Јаничиќ дојде до просек 22.6 поени, со кои го надмина ефектот на Имран Суљановиќ (Австрија), кој има 22.4 поени, односно Дајан Неса (Швајцарија) со 21.4 поени по меч.   

Голем удел во успешните игри на нашата јуниорска селекција на ова ЕП имаше и Стефан Стојковиќ. Долго време беше најдобар во категоријата на играчи со најголем број на освоени топки. На крајот, завршува како трет, со просечни 2.9 освоени топки на осумте одиграни средби.

Лука Марјановиќ е петти асистент на ЕП, затоа што на осум натпревари реализира 37 успешни додавања до соиграчите, односно во просек по 4.6 по натпревар во оваа статистичка колона во која лидер е Естонецот Оливер Куламае, со 9.6 асистенции.  

Марко Лукановски имаше одлични изданија, особено во оние елиминациски натпревари. На крајот на шампионатот, нашиот стартер на центарската позиција дојде до просек од скоро десет скока по натпревар кои го ставаат на 4. место во крајот поредок во оваа статистичка категорија, во која Фин Шот (Австрија) има најдобар ефект – по 10.3 скока на натпревар.

Луканоски има и просечни 18.4 индексни поени кои го ставаат во ТОП 10 на турнирот.