Денес (27. март 2017 година) во просториите на Македонската кошаркарска федерација се одржа состанок помеѓу претседателот на стручниот совет Марјан Лазовски, претседателот на здружението на тренери, Драган Василов – Цевка, Јанко и Митко Луковски и тренерите номинирани за селектори на сите машки национални селекции.
Од страна на претседателот Петар Наумоски, беше потенцирана соработката помеѓу македонската кошаркарска федерација и Јанко Луковски, на општо задоволство, како стручен советник пред сè во младинскиот погон на селекциите сè со цел што побрз напредок на младинските категории и добивање на што поквалитетни кандидади за сениорската репрезентација.
Се усогласи и начинот на функционирање помеѓу Јанко и Митко Луковски како и со Марјан Лазовски и со Драган Василов – Цевка кои се ставија на располагање на кој било тренер од кој било национален состав од сите категории во целост.
Во иднина, по секој одржан селективен тренинг и пред оформувањето на секоја селекција тренинзите ќе бидат следени со видео запис и веднаш потоа ќе бидат прегледани со цел да се елиминираат евентуалните недостатоци во текот на селективните тренинзи како веќе на следниот тренинг грешките да бидат елеминирани или сведени на минимум.
Ние, како Македонска кошаркарска федерација би сакале да изразиме особена чест и задоволство од соработката со Јанко и Митко Луковски и веруваме дека на овој начин ќе успееме, што поскоро, да го зголемиме квалитетот на селекциите во младинските категории.