02.06.2017 Националниот состав на Јапонија го отвори пријателскиот меѓународен турнир со победа од 69-100 над селекцијата на Босна и Херцеговина. Младата селекција на Босна и Херцеговина пружи силен отпор,но имаше сила за агресивна игра само во првиот дел од натпреварот. Во вториот дел, репрезентативките на Јапонија ги притискаа противничките на нивната половина не дозволувајќи им да ја минат половината од теренот. Сето тоа резултира со предност од повеќе од 20 поени која до крајот продолжи да расте. Стрелци на натпреварот. БиХ: Марковиќ (20 поени), Мишелјиќ (13), Ковачевиќ (14), Брчаниновиќ (11) Јапонија: Кондо (17 поени), Осаки (17), Мавули (12), Фуџиока (14)