04.06.2017

Јапонија го заврши турнирот без пораз, Бугарија без победа

Со победата над Бугарија со 59-88, Јапонија го заврши пријателскиот меѓународен турнир што се одржува во Скопје без пораз. Со тоа, кошаркарските репрезентативки на Јапонија го освоија и првото место на овој турнир.

Националниот состав на Бугарија му парираше на противникот во првиот дел не дозволувајќи му да поентира лесно од поле. Но, Јапонките брзо се разиграа по надворешните линии и направија доволно голема предност за да финишот го сведат формало.

Признанието за најкорисен играч на турнирот (MVP) замина во рацете на Маки Такеда.