ДСУ Спортска Академија упатува јавен повик за селективен тренинг на ученици и ученички кои навршуваат основно образование (деветто одделение) и имаат желба да продолжат со образованието токму на Спортската академија
Во спортската академија се изучува по скратена гимназиска програма, одобрена од Министерството за образование, по која учениците ќе можат да го продолжат своето високо образование на сите државни и приватни факултети во Република Македонија.
Важно е да се напомене дека тренинзите кои ги имаат секојдневно се работат со врвни тренери кои се актуелни селектори во младинските национални селекции.
Секој ученик кој доаѓа од друг град има загарантирано место за престој во ученички дом „Здравко Цветковски-Гуц“.
Кандидатите за селективните тренинзи на Спортската академија мора да се придржуваат до закажаните термини. На денот на селективниот тренинг треба да пополнат прашалник кој ќе им биде доставен од страна на тренерите. Сите кандидати со себе треба да понесат опрема за тренинг како и документ за лична идентификација.
Тренинзите ќе се одржуваат согласно владините протоколи за заштита и превенција на ширење на вирусот COVID-19.
НАПОМЕНА:
Секој кандидат со себе да понесе и да приложи лекарско уверение не постаро од шест месеци!
Куманово 17. мај 2021 Средно Училиште „Перо Наков“– 10.00 часот
Одговорно лице: - Мартин Атанасовски: 078/232-401
Скопје 25. мај 2021 СРЦ „Кале“ – 10.00 часот
Скопје 31. мај 2021 СРЦ „Кале“ – 10.00 часот
Одговорни лица: - Небојша Ѓуковиќ: 076/533-056
Николче Божиноски: 075/782-863
Тим за проверка на способностите за спортски вештини на ученици/кандидати за запишување во ДСУ Спортска академија за паралелките по кошарка:
- Небојша Ѓуковиќ,
- Николче Божиноски,
- Енвер Мифтари,
- Саша Димитријевиќ,
- Андреј Апостолски Леќиќ,
- Горан Ѓорѓиевски