15.04.2024

ТЕРМИНИ, учебна година 2024-2025

Јавен повик за проверување на способностите за спортските вештини на учениците кај кои има интерес за запишување во спортска академија

ДСУ Спортска Академија упатува јавен повик за селективен тренинг на ученици и ученички кои навршуваат основно образование (деветто одделение) и имаат желба да продолжат со образованието токму на Спортската академија.

Во спортската академија се изучува по скратена гимназиска програма, одобрена од Министерството за образование, по која учениците ќе можат да го продолжат своето високо образование на сите државни и приватни факултети во Република Македонија.

Важно е да се напомене дека тренинзите кои ги имаат секојдневно се работат со врвни тренери кои се актуелни селектори во младинските национални селекции.

Кандидатите за селективните тренинзи на Спортската академија мора да се придржуваат до закажаните термини. На денот на селективниот тренинг треба да пополнат прашалник кој ќе им биде доставен од страна на тренерите. Сите кандидати со себе треба да понесат опрема за тренинг како и документ за лична идентификација.

НАПОМЕНА:
Секој кандидат со себе да понесе и да приложи лекарско уверение не постаро од шест месеци!

 

Термини за проверување на спортски вештини за упис во ДСУ Спортска Академија, за учебна 2024/25

 

Скопје                  11.05.2024           11.00 час             СРЦ Кале 1

Куманово           17.05.2024           11.00 час             ДСУ Перо Наков

Скопје                  22.05.2024           12.00 час             СРЦ Кале 1