10.04.2017

Јавен повик за сите кошаркари/кошаркарки кои сакаат да се запишат на Спортската академија

Спортската академија упатува јавен повик за селективен тренинг на ученици и ученички кои навршуваат основно образование (деветто одделение) и имаат желба да продолжат со образованието токму на Спортската академија.

Кандидатите за селективните тренинзи на Спортската академија мора да се придржуваат до закажаните термини. На денот на селективниот тренинг треба да пополнат прашалник кој ќе им биде доставен од страна на тренерите. Сите кандидати со себе треба да понесат опрема за тренинг како и документ за лична идентификација.

*Фотографијата е преземена од сајтот на Спортската академија.