14.04.2022

.

Јавен повик за сите кошаркари/кошаркарки кои сакаат да се запишат на Спортската академија

Кошаркарската Федерација на Северна Македонија и Министерството за образование и наука објавуваат јавен повик за проверка на способностите за спортски вештини на учениците кои имаат интерес за запишување во ДСУ Спортска Академија за учебна година 2022/23.

Термини за селективни тренинзи за Спортска Академија учебна година 2022/23:

Скопје  04 мај 2022 - СРЦ Кале (голема сала) во 09.00 час;
              11 мај 2022 - СРЦ Кале (голема сала) во 09:00 час;

Куманово 05 мај 2022 – ДСУ Перо Наков во 11.00 час;

Кавадарци 06 мај 2022 – СОЗШУ Ѓорче Петров во 12.30 час;


Се молат учениците кои ќе дојдат на закажаните термини со себе да понесат опрема за тренинг и документ за идентификација.