12.01.2018

Јавно наддавање за организатор на финалниот турнир на Купот на РМ 2018

Согласно Правилникот за Куп натпреварувања, Македонската Кошаркарска Федерација ги поканува заинтересираните правни и физички лица на јавно наддавање за организатор на Финалниот турнир на Кошаркарскиот куп на Република Македонија 2018, што ќе се одржи на 30.01.2018 година во 12:00 часот во просториите на МКФ.

Почетната сума за организација на Купот изнесува 500.000 денари.

Заинтересираните учесници на лицитацијата треба да уплатат 10 % од почетната сума, до почетокот на лицитацијата, на сметката на Македонската кошаркарска федерација (300000003207438) во Комерцијална банка ад Скопје

На Купот ќе настапат осум екипи во машка конкуренција и четирите најдобро пласирани по првиот дел на првенството во Првата женска лига.

Организаторот на Финалниот турнир за Купот на Македонија кој ќе се одржи од 16. до 18. февруари 2018 година, ги добива правата и обврските што му припаѓаат според Правилникот за Куп натпреварувања (https://kfsm.mk/uploads/88954720170224.pdf) и според Прирачникот за организација на Финалниот турнир (https://kfsm.mk/uploads/29886320170224.pdf).