25.07.2021

„И да прикажеме една друга страна и карактер на оваа генерација“- вели селекторот пред почетокот на турнирот

ЈЕЛЕНА АНТИЌ: „Ќе дадеме се од себе, да оствариме што е можно повеќе победи“

Нашата женска јуниорска селекција денеска тргна на пат за Софија каде во текот на наредната седмица (27.јули-1.август), ќе учествува на ФИБА „Челенџ“ турнир за кошаркарки „Под 18“ години.

А како дел од групата „Д“, нашата женска јуниорска селекција ќе игра против репрезентациите на Бугарија, Албанија, Словенија, Швајцарија и Украина.

Селекторот на овој наш национален соства, Јелена Антиќ, очекува, пред сè, добри игра на турнирот кој ќе се игра во салата „Тријадица“ во Софија.

 

„Целиот стручен штаб е задоволен од односот на девојките во изминатиот период. Достигнавме една одредена форма и се надевам дека ќе успееме да ја одржиме. Одигравме неколку контролни натпревари во периодот на подготовките, и сметам дека сме спремни да покажеме добри игри во Бугарија“- кратко го анализира Антиќ сработеното во изминатиот период.

На почетокот на турнирот, во вторник, од 13.часот, следува премиерниот дуел на „Челенџерот“, оној со селекцијата на Украина.

„Уште на првиот натпревар во Софија, имаме доста силен противник. Играме со селекцијата на Украина, за кои сеуште не знаеме ништо. Но од минатото знаеме дека Украина е земја со големи таленти и високи играчи“.

Антиќ вели дека најважно е да се фокусираме на нас, на нашите игри...

„Како и да е, најважно е да се фокусираме на нашата игра, и играчите да го испочитуваат тоа што го бараме од нив. Ние ќе дадеме се од себе да оствариме што е можно повеќе победи, и да прикажеме една друга страна и карактер на оваа генерација“- вели селекторот пред почетокот на турнирот во главниот град на Бугарија.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ НА НАШАТА „ПОД 18“ СЕЛЕКЦИЈА

27. ЈУЛИ (ВТОРНИК)

13.00: Македонија – Украина

28. ЈУЛИ (СРЕДА)

13.00. Словенија - Македонија

29.ЈУЛИ (ЧЕТВРТОК)

19.00: Бугарија - Македонија

30 ЈУЛИ – СЛОБОДЕН ДЕН

31. ЈУЛИ (САБОТА)

13.00: Македонија - Албанија

1.АВГУСТ (НЕДЕЛА)

13.00: Швајцарија - Македонија

СЕЛЕКЦИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА НА „ЧЕЛЕНЏЕРОТ“ ВО СОФИЈА

4. Стефанија Цветаноска           бек     167 см

5. Христина Ставревска  центар          184см

6. Нина Зафирова бек-шутер   177см

7. Марија Димитријевиќ           бек     170см

8. Мартина Маркоска     силно крило           181см

9. Стефани Цветановска бек     162см

10. Ана Цветковска          крило 180см

11.Рина Салиу       крило 182см

13. Габриела Модева     центар          188см

14. Ива Чолакоска           крило 180см

15. Мартина Блажевска центар          183см

16. Лиле Миткова бек     170см

СТРУЧЕН ШТАБ

Селектор: Јелена Антиќ

Асистент тренер: Славица Наков

Водач: Благоја Трифуновски

Физиотерпевт: Бранкица Перчинковска

Доктор: Веселинка Лалчевска