27.11.2022

„Се надевам дека ќе се покажеме во подобро светло на вечерашниот натпревар против Германија, и прикажеме подобра игра“

Јелена Антиќ пред средбата со Германија: „Ќе дадеме се од себе да го поправиме впечатокот“

Јелена Антиќ во Ловен го одигра, верувале или не, својот прв официјален натпревар во сениорската репрезентација на Македонија.

Сплетот на низа околности не и дозволи на една од нашите најдобри кошаркари и порано да заигра и за нашата најдобра селекција.

Извесно, Антиќ ема да го памети по некои добри работи. Но една од најискусните во нашиот состав, кој останува непроменет и за овој натпревар,  вели дека сето тоа го оставаме зад нас.

Но вечерва е тука, заедно со соиграчите во обидот да го поправат впечатокот кој го оставија на тој дуел со Белгија во кој беше една од ретките, заедно со Александра Стојановска, кои ја надминаа двоцифрената бројка на реализации.

Вечерва во „Кале“  (19.часот), е нов предизвик за нашите девојки. На гости ја имаме, се чини, уште посилната селекција на Германија.

„Нè чека уште еден тежок натпревар. Добро сме запознати со квалитетите на селекцијата на Германија и нивните играчи поединечно. Но мислам дека стилот на нивната игра повеќе ќе ни ‘легне’ во однос мечот со Белгија пред некоја вечер на гостински терен. И затоа се надевам дека ќе се покажеме во подобро светло на вечерашниот натпревар. Доволно сме мотивирани и сакаме, колку што можеме, да го подобриме впечатокот на нашата репрезентација по катастрофалниот пораз против Белгија. Ние ќе дадеме се од себе, а јас сакам да ја повикам јавноста да дојде веерва на натпреварот во Ксле. Да ни даде поддршка и да ни помогне, и ако не направиме изненадување, она резултатско, односно да победиме, ако ништо другп да покажеме една добра игра која ќе ги задоволи нивните барања“.

По три одиграни кола во групата „А“, Македонија е единствената репрезентација која е без победа. Другите три, Белгија, БиХ, и секако нашиот вечерашен ривал, Германија, се на скор (2-1).

Само првопласираната селекција има директен пласман на ЕП 2023, додека пак онаа наредната ќе го чека расплетот во останатите квалификациски групи.

Напата федерација одлучи за овој натпревар од квалификациите за ЕП 2023 влезот во СРЦ „Кале“ да биде слободен, а обезбеден е и директен пренос на Sport klub HD, стартува од 19.часот.

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕВРОБАСКЕТ 2023 – ЖЕНИ

ГРУПА „А“

ДВОЈКИ 4. КОЛО (ДЕНЕСКА):

16.15: Белгија - БиХ

19.00: МАКЕДОНИЈА – Германија

ТАБЕЛА

1.Белгија     3          2          1          277:183        5

2.Германија            3          2          1          225:183 5

3.БиХ 3          2          1          225:183        5

4.МАКЕДОНИЈА    3          0          3          146:265        3