13.11.2022

„Во Гевгелија, бев две ипол години и можам да кажам дека денеска публиката беше најжешка“- признава селекторот по новиот успех

Јончевски: „Беше исклучително тешко, но благодарение на навивачите, се вративме, и победивме“

Пет дополнителни минути игра на жешкиот терен во Гевгелија беа потребни за нашите момци да го совладаат тимот на Данска со (74:71).

Селекторот на Македонија, Александар Јончевски, со свој коментар по инфаркт-победата над селекцијата од Скандинавија

„Исклучително тежок натпревар. Имавме проблем да се кренеме. И на самото загревање мислевме дека работата е завршена бидејќи позначаен беше натпреварот против Норвешка кои имаа 2-0 кога дојдоа тука, додека Данска дојде со три порази.

Притисокот беше на наша страна и тоа се виде на натпреварот. Погодуваа тешки шутеви што не беше карактеристично за нив на натпреварите од досегашниот циклус. Имавме проблеми под кошевите, но некако успеавме да се вратиме, иако не одеше ништо во наша полза, а тие имаа контрола на играта.

Благодарение на навивачите успеавме да се вратиме. Им се заблагодарувам на сите во публиката, тука, во Гевгелија, бев две ипол години и можам да кажам дека денеска публиката беше најжешка.

Овој натпревар вечерва покажа дека бевме потврди во одбраната, но имавме проблеми во нападот. Ти Џеј Шортс претставува играч кој може да креира ситуација од непостоечки шанси. Шутираше, разигруваше, има пет украдени топки и е еден мотор на екипата како што може и да се забележи од неговиот клупски ангажман. Тој е едно скромно момче кој феноменално се вклопи во нашиот тим“ – изјави Јончевски.