Македонија ја совлада Норвешка со 58:36 во рамки на третиот натпревар од втората рунда на претквалификации за Евробаскет 2025.
„Како што кажа и селекторот на Норвешка што се случи – ние ја стопиравме нивната транзиција, а и позицијата од каде најчесто ги постигнуваа нивните поени. Тоа е заслуга на енергијата, на ангажираноста и на одличната одбрана благодарејќи на која не моравме да форсираме во напад. Ни одговараше тој тип на игра, иако постигнавме под 60 поени, но и тоа како ни одговара овој конечен резултат.
Задоволен сум од играта на Шорц. Осумте поени не се значајни во статистиката, но и осумте асистенции покажаа дека е одличен организатор на игра каков и што ни требаше. Изненади и во делот од одбраната каде што беше крајно ангажиран и дисциплиниран.
Генерална оценка е дека сум задоволен. Големо признание треба да им се одадде на сите играчи кои досега победија и два натпревари без натурализиран играч во составот“- дополни слеекотот на прес-конференцијата по мечот во Гевгелија.
ДАМЈАН РОБЕВ: „Ова досега се нема случено, ја спуштивме Норвешка на вакво ниво, на 38.поени“
Дамјан Робев се најде во стартните пет во нашито национален тим, и даде свој придонес во крајниот успех, и убедливиот триумф над конкурентот во групата „Д“ од претквалификациите.
„Имавме доволно време да се подготвиме за натпреварот. Веќе сме подолго време со истиот состав, иако имавме мала промена со ТЏ Шортс кој одлично се вклопи. Мислам дека се нема случено Норвешка да ја спуштиме на вакво ниво. Задоволен сум од нашата игра во идбраната, транзицијата ни беше конзистентна и успеавме без многу проблеми да ја запреме нивната игра“ – потенцира Робев, по убедливите + 22 против Норвешка.