21.02.2023

„Можеме да очекуваме тешки натпревари, бидејќи секоја селекција има свои математики“ - вели селекторот

Јончевски пред средбите со Словачка и Норвешка: „Целиме на една победа, греота е да не го искористиме овој позитивен скор“ (ВИДЕО)

Нашите најдобри кошаркари заминаа за Левице, каде во четврток навечер од 18. часот во овој град, ќе го одиграат натпреварот од петтото коло од групата „Д“ од вториот претквалификациски круг за место во оние главни квалификации за Евробаскетот 2025.   

Селекторот Александар Јончевски е оптимист, и смета дека Македонија мора да атакува барем една гостинска победа во наредните два натпревари.

„Имаме четири бода, но еден кикс може да нè врати долу на табелата. Можеме да очекуваме тешки натпревари, бидејќи секоја селекција има свои математики. Словачка и Норвешка имаат две победи и не се предаваат, сигурно ќе играат на победа. Освен Данска, нема откажани репрезентации, сите имаат свои математики. Имаме два-три дена да се подготвиме и да видиме како ќе настапиме. Ќе видиме дали ќе промениме нешто во тактиката, бидејќи веќе одигравме два натпревари со истите репрезентации. Очекувам позитивен исход“ - вели селекторот.

Јончевски гледа само на првиот меч во овој ФИБА „прозорец“, оној против селекцијата на Словачка

„Победивме на домашен терен, во исклучително тежок натпревар во кој во поголемиот дел бркавме негатива, стигнавме до победа против Словачка. Научивме доста од тој натпревар како да пристапиме на возвратниот. Двете селекции имаат измени од ростерот на тој натпревар. Ние ќе ги немаме Димитријевиќ и Јакимовски, а Словаците ќе сметаат на нивниот најјдобар играч Бродзијански. Верувам дека и тие се подготвуваат за игра на победа, па ќе видиме како тактички ќе одговориме на промените. Целиме на една победа, секако дека ќе играме на две победи, но имаме позитивна енергија и греота е да не го искористиме овој позитивен скор од четири победи на стартот“ – појаснува Јончевски.

Со оглед на ограничениот период за тренинг, стручниот штаб на нашата сениорска репрезентација предвиде и четири тренинзи во спортската сала во Левице. Поради транспортот од Скопје преку Виена до Левице, многу извесно е дека првиот кој е предвиден за вечерва од 19.30 до 21 часот.

Сениорите ќе тренираат на 22. февруари од 11 до 12 часот, а потоа и од 18 до 19.30 часот. Ќе бидат на теренот и на денот на одигрување на натпреварот, во периодот од 10 до 11 часот.