Прес-конференцијата по натпреварот со Данска, селекторот Александар Јончевски ја искористи и направи една кратка анализа на сработеното во изминатиот период
„После една серија од порази во оние светски квалификации, нормално е дека никој, па ни самите играчи не очекуваа да ги започнеме квалификациите со четири победи.
Оној пријателски натпревар со Црна Гора ни беше мерило како да им пристапиме на овие натпревари. Норвешка ја спуштивме на, за мене, неверојатни 36 поени, селекција која претходно постигнуваше по 90 и плус поени“ – потенцираше македонскиот селектор.
Далеку од тоа дека работата е (скоро) завршена, иако по овие четири одиграни кола во претквалификациите, Македонија е на два чекори пред Словачка и Норвешка.
„Не би сакал да кажам дека сме на половина пат бидејќи и Словачка со победата во Норвешка сега останува во игра. Ќе мора да победиме барем на уште еден од двата натпревари кои ни преостанаа. Наше е да се надеваме, и да одиме на победа. Од овие ‘прозорци’ што ги спроведува ФИБА можеме да очекуваме дека и во февруари, кога се игра последниот, ќе имаме сличен состав на овој во Гевгелија“- смета Јончевски по одлично одработениот втор „прозорец“.