27.12.2022

Екипата од Македонска Каменица е најуспешната во 2022 година

Јордан Цветановски - Баскет Кам 2011:„Се надеваме дека и во наредните години ќе добиваме уште награди“

Претходната година за кошаркарките на Баскет Кам 2011 беше една од поуспешните во досегашното постоење на клубот. Двојната круна само покажа за што се способни девојките од Македонска Каменица.
Успеси продолжија да нижат и во 2022 година кога повторно прибраа уште два трофеи во клупските витрини,.

Овој пат трофејот од националниот Куп „Благоја Георгиевски-Буштур“, но и оној од Суперкуп натпреварувањето „Драган Василов - Цевка“.

„Голема благодарност до девојките и стручниот штаб, тие се најзаслужни за постигнатите резултати. Голема благодарност до нашите спонзори и помагатели кои во ова тешко време ја препознаваат нашата работа и нашиот проект и се надевам дека во наредните години ќе добиваме уште награди“- изјави претседателот на клубот од Македонска Каменица, Јордан Цветановски.