Своевиден „хет-трик“ направија кошаркарките од малото рударско градче. Беа најдобри во јуниорската конкуренција, ја освоија М 18 лигата. До тој голем триумф ги предводеше Јордан Цветановски, кој на свој начин, го извади максимумот од своите кошаркарки. И повеќе од доволно за признанието - најдобар тренер на женска младинска екипа.
Секако, неколку години Баскет Кам е во врвот на македонската женска кошарка, а годинава успеа да го врати приматот во првенството, и да го одбрани трофејот во Суперкупот.
„Благодарност до сите оние портали, колеги, клубови, фанови кои и ова агодина го дадоа гласот за Баскет Кам. Благодарност до Рудникот Саса, до градот Македонска Каменица, и до сите помагатели на нашиот клуб без кои немаше да бидеме тука каде што сме во овој момент. На самиот врв на македонската женска коарка. Сакаме така да биде и понатаму. Се надевам дека ќе продолжиме во ист стил – шампионски“ – посака Јордан Цветановски.
Но тоа не е се од Баскет Кам за оваа календарска 2023 година...
За потсетување, Елена Тасевска е најдобрата сениорка, а Златко Гоцевски тренерот кој ја врати шампионската титула во клубот од Македонска Каменица.