Репрезентацијата на Естонија ќе тргне во решавачките битки за пласмна на Евробаскетот 2022 во Перм со вкупно 15. кошаркари.
Селекторот Јука Тоијала се одлужи за композиција со 15.кошаркари, а до последен момент верува дека ќе го има на располагање и Сандер Раиесте
Неивесноста за настапот на играчот на Басконија ќе потрае, особено ако се земе в предвид дека Раиесте има обврски кон клубот од Баскија.
За време на одржување на „балонот“ во Перм, Раиесте има обврски со неговиот клуб во Евролигата. Односно Басконија има закажан меч со екипата на Химки.
Во Русија сигурно нема да патуваат Слим Сандер Вене, Мартин Пасоја, Кристијан Кицинг и Слим Маркус Пост. Кер Крииса е во САД, без довола од Универзитетот Аризона да го ослободи за февруарскиот „прозорец“. Здравствени проблеми има и Сајмон Сут.
Естонија ќе одигра три натпревари во Перм. Прво, на 19. февруари, против Италија, на 21 феврари е дуелот со Русија, а еден ден подоцна е веројатно и решавачкиот меч, против нашиот национален тим.
На списокот на нашиот најголем ривал за обезбедување место на ЕП се најдоа: Кристиан Куламае, Стен-Тиму Сок, Раит-Риво Лане, Март Росентал, Раин Веидеман, Мартин Дорбек, Роберт Валге, Јанари Јесар, Јан Пуидет, Хенри Дрел, Крегор Хермет, Каспар Треиер, Рауно Нургер, Маик-Калев Котсар, Микел Кирвес.