03.11.2020

За двата натпревари од турнирот на домашен терен, естонскиот селектор смета на познати имиња.

Јука Тоијала повика 25 кошаркари за „балонот“ во Талин, подготвен е за план „Б“, дури и за план „Ц“!

Без многу измени ќе ги започне подготовките за ноемврискиот „прозорец“ на ФИБА, репрезентацијата на Естонија, еден од нашите противници од групата „Б“ во трката за пласман на ЕП 2022 година.

Нивниот предводник од клупата, Јука Тоијала одлучи, односно одбра дури 25. кошаркари на кои ќе смета за овој дел од квалификациите.

Во најголем дел доста добро познати имиња со кои работеше и во претходниот февруарски квалификациски „прозорец“ на ФИБА.

Номинираните кандидати ќе мора да поминат две корона-тестирања. Првото на 16, а второто на 21. ноември. Дури по второто тестирање, како што најави естонскиот селектор, ќе бидат познати оние кошаркари кои ќе бидат вклучени како активни за средбите со селекциите на Русија (28. ноември) и на Македонија (30.ноември).  

„Оваа ситуација со коронавирусот нè тера да размислуваме и за план ‘Б’, дури и за план ‘Ц’. Во овој момент ќе ги задржиме Крииса и Јуркатам, но тие веројатно нема да можат да останат со националниот тим“ – потврдува Финецот на клупата на Естонија.

Во овој момент има четворица повредени кошаркари, Слим-Сандер Вене, Рауно Нургер, Јанари Јесар и Маик Калев Коцар. Но Тоијала верува дека ќе бидат подготвени до крајот на месецот кога се играат двете средби во Арената „Саку Сурхал“ во Талин.

Нови имиња во поширокиот естонски ростер се Хендрик Елмае и Роберт Киви од Универзитетот Тарту.

 

ПОШИРОК СПИСОК НА ЕСТОНИЈА

(за ноемврискиот квалификациски циклус)

Кристиан Куламае (Палма Мајорка), Сим-Маркус Пост (Талин Калев, Стен-Тиму Сок (Калев/Крамо), Раит-Риво Лане (Меркуреа Циц ЦСМ), Сандер Раиесте (ТД Баскониа), Хенри Дрел (Пезаро), Раин Веидеман (Росток Сеањолвес), Мартин Пасоја (Реал Ваљадолид), Маик-Калев Котсар (Хамбург Тауерс), Мартин Дорбек (Калев/Крамо), Сим-Сандер Вене (Фуенлабрада), Танел Курбас (Калев/Крамо), Јанари Јесар (Манреса), Роберт Валге (Парну Садам), Крегор Хермет (Калев/Крамо), Саимон Сут (Рапла), Кристијан Китсинг (Ритас Вилнус), Каспар Треиер (Сасари Динамо), Рауно Нургер (Калев/Крамо), Микел Кирвес (Парну Садам), Робин Киви (Тарту), Јан Пуидет (Талтекс), Хендрик Елмае (Универзитет Тарту), Кер Криса (Аризона-САД), Мик Јуркатам (Вестерн Кентаки-САД)