Машката сениорска репрезентација на Естонија за еден месец ќе ги одигра последните натпревари од квалификациите на ЕП 2022 година, во Перм.
А селекторот на Естонија, Јука Тојала ги објави имињата на 26. кандидати на кои ќе смета за овој собир во Русија.
Во изборот на Финецот се вклучени: Сим-Маркус Пост, Каспер Трејер, Рајн Вејдеман, Танел Курбас, Крегор Хермет, Рауно Нургер, Јанари Јесар, Мартин Дорбек, Сајмон Сат, Кристијан Китсинг, Егерт Халер, Март Розентал, Анри Дрел, Хендрик Елмае, Мик Јуркатам, Михкел Кирвес, Робин Киви, Маик-Калев Коцар, Раит-Рииво Лаан, Јан Пуидет, Сандер Раисте, Стен-Тимку Сок, Роберт Валге, Карл-Јохан Липс, Кристијан Куламае и Индрек Кајупанк.
Сим-Сандер Вене и Мартин Пасоја влечат повреди. На почетокот на февруари Кер Криса ќе ја започне сезоната во НЦАА лигата на Универзитетот во Аризона и нема да може да му помогне на тимот на турнирот во Перм.
Бидејќи Естонците не играа со нас на претходниот турнир во Талин, на собирот во Перм ќе одиграат три средби.
Прво со Италија (19.февруари), потоа со Русија (21. февруари) и ден подоцна, на 22.февруари, и со нашата селекција. Натпревар кој веројатно и ќе одлучи која од двете селекции ќе се пласира на Евробаскетот во 2022 година.