05.07.2018

Јуниорите ги пречекуваат Австрија, Бугарија и Романија

Пред точно еден месец нашата јуниорска репрезентација означи почеток на подготовките кои ќе завршат со настап на Европското првенство (дивизија Б) за кошаркари до 18 години кое ќе се одигра в Скопје.

Во рамки на подготвителниот период, досега јуниорите одиграа два натпревара против Турција, а денес и наредните два дена ќе ги нагостат соодветните селекции на Австрија, Романија и на Бугарија на пријателски турнир кој ќе се одигра во Скопје.

Натпреварите ќе бидат одиграни во малата сала на „Кале“.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ
5. јули
18:00 Бугарија - Романија
СТАТИСТИКА
20:30 МАКЕДОНИЈА - Австрија
СТАТИСТИКА

6. јули 
18:00 Австрија -Бугарија
СТАТИСТИКА
20:30 Романија - МАКЕДОНИЈА
СТАТИСТИКА

7. јули 
18:00 Романија - Австрија
СТАТИСТИКА
20:30 МАКЕДОНИЈА - Бугарија
СТАТИСТИКА