14.10.2019

Јуниорите го освоија турнирот во Шумен

Машката јуниорска репрезентација викендот што измина зема учество на пријателски турнир во Шумен, Бугарија.

Тони Симиќ повторно ги предводеше кошаркарите до 18 години кои без пораз го освоија турнирот. На првиот натпревар, јуниорите запишаа триумф од 89-69 против кошаркарскиот клуб Оканик од соседна Србија, а во финалето против Бугарија славевме со 88-74.

Со постигнат 41 поен во финалниот натпревар нашиот репрезентативец Андреј Андоноски се закити и со трофејот за најкорисен играч (MVP).

Повеќе фотографии можат да се погледнат на следниот линк.