06.07.2018 Нашата јуниорска селекција запиша уште една победа на пријателскиот турнир кој вчера, денес и утре се организира в Скопје. Избраниците на Панче Милевски, кои веќе еден месец се подготвуваат за Европското првенство (дивизија Б) што ќе се одигра в Скопје, ги совладаа врсниците на Романија со 52-69. Во првиот натпревар одигран денес, Бугарија славеше над Австрија со 68-92. Нашите репрезентативци ќе го одиграат последниот натпревар од овој пријателски турнир, против Бугарија, утре напладне во малата сала на „Кале“. СТАТИСТИКА Бугарија - Австрија МАКЕДОНИЈА - Романија