Машката селекција на Македонија „Под 18“ години го загуби и вториот од двата контролни натпревари кои во изминатите два дена ги играше во Ботевград.
БУГАРИЈА (У18-МАЖИ) – МАКЕДОНИЈА (У18-МАЖИ) 75:52
(21-14; 11-13; 27-11; 16-14)
Во денешниот, претпладневен термин, Бугарија повторно беше подобар ривал против нашиот некомплетен јуниорски национален тим. Во Арената „Ботевград“ домаќините победија со уште еден убедлив резултат
Во првиот период домашната селекција поведе со (21:14), ние ја добивме втората, макар и со плус 2 (13:11), но слично како и на првиот меч, имавме уште една четвртина за заборав, онаа третата во која Бугарија „побегна“ на недостижни (59:38).
На овој натпревар, Чолаковски беше единствениот со двоцифрен број на поени, даде вкупно 11 (имаше и шест скока). Луканоски имаше девет, додека Трајанов и Иванов средбата во Ботевград ја завршија со по осум поени. Со забелешка дека Трајанов бепе и најдобриот скокач во нашата селекција, оствари десет скока (четири од нив офанзивни).
За потсетување, двете селекции нецели 24. часа порано, одиграа уште еден меч, кој исто така го доби домашната селекција со (77:59).