Нашата машка селекција „Под 18“ години, во само два дена го одигра и вториот контролен натпревар во подготвителниот период. И уште еднаш, на свој терен во СРЦ „Кале“ забележа пораз во дуелот со соодветната селекција на Црна Гора.
МАКЕДОНИЈА (У18) – ЦРНА ГОРА (У18) 63:81
Почетокот на втората пријателска средба во СРЦ „Кале“ протекна во подобра игра на гостите. Црногорците направија десет поени „вишок“ во првите десет минути поведоа со (26:16).
Имавме доста подобар старт на вториот период во кој за пет минути, со доста поцврста игра во одбраната, анулиравме половина од негативата, намаливме на (27:32).
Капитенот Јаничиќ доби поентерска поддршка од Луканоски и Младеновски, а во листата на стрелци се запишаа сите пет стартери (Ќириловски и Трајанов).
Нешто потоа имавме и негатива од само три поени (29:32), но му дозволивме на противникот во последните три минути од првиот дел, да направи серија од (11-3) за одново да се одвои, сега на (43:30), како што беа бројките на семафорот на полувремето.
По одморот се водеше доста изедначена битка, и во оној трет дел од играта гостите успеаја да го одбранат водството, дури и го зголемија. Во последниот период Црна Гора влезе со позитива од 15.поени (64:49).
Одлично го почнавме оној решавачки период - последниот. За нешто повеќе од четири минути, Македонија направи серија од (9-2) за сериозно доближување, (58:66).
Но јуниорите на Црна Гора одговорија со своја серија од седум поени, за враќање на високата предност (73:58), со која и го решија прашањето околу конечниот победник на овој пријателски натпревар.
И на оваа втора контрола, поентерски, во преден план во нашата јуниорска селекција се најдоа Јаничиќ, кој финишираше со 17.реализации, Луканоски кој оствари уште еден двоен ефект, изразен со 17.поени и 12. скока (плус пет освоени топки и три асистенции), и Младеновски, кој освен 11.поени, додаде и пет асистенции, четири скока, а имаше и три украдени топки Сепак, се чини дека за нешто повеќе на оваа проверка, недостасуваше поддршка од соиграчите, и тоа како важен момент во пресрет на Европското првенство од Дивизијата „Б“ кое стартува на 26.јули во Скопје.