01.08.2018

Јуниорите ќе разигруваат за пласман од 17. до 24. место

Репрезентативците до 18 години ќе разигруваат за пласман од 17. до 24. место на Европското првенство (дивизија Б) кое се одигрува в Скопје веќе неколку дена. 

Со конечен скор од една победа и четири порази, јуниорите се пласираа на шестото место на табелата во групата Ц и ќе разигрува против петтопласираниот од групата Д.

На првиот натпревар, нашите јуниори ја запишаа единствената победа во рамки на групната фаза, против Исланд (62-60). Следеа порази од Холандија (62-84), Луксембург (63-73), Израел (57-81) и од Чешка Република 63-70.

Следи ден за одмор и подготвување на нова тактика, а натпреварите ќе продолжат в петок.

Сите резултати од натпреварите кои ги одиграа нашите јуниори, целосна статистика и снимки можат да се погледнат на следниот ЛИНК.