15.07.2022

Јуниорската репрезентација денеска почнува со натпреварите на силниот меѓународен турнир „Боби Петковски“ во Гевгелија

Јуниорите ќе спарингуваат со Грција, Црна Гора и Бугарија

Од денеска, па во наредните три дена,  во Гевгелија ќе се одржи првиот меморијален турнир „Боби Петковски“, во сеќавање на прерано починатиот тренер на младинските категории на Кожув.

На турнирот ќе учествуваат националните тимови „Под 18“ на Македонија, Бугарија, Грција и Црна Гора, па тој ќе биде силна проба за репрезентацијата предводена од Тони Симиќ, за Европското првенство од Дивизијата „А“, во Измир што се одржува од 30. јули до 7. август.

Ќе се игра по системот „секој со секого“, Македонија в петок од 19 часот се среќава со Грција, в сабота во истиот термин, во салата „26.април“ ќе играме со Бугарија, а турнирот за нашите јуниори ќе биде затворен во недела од 17. часот, со дуелот против репрезентацијата на Црна Гора.

Претходно, јуниорската репрезентација на Македонија одигра два пријателски натпревари со Швајцарија, по еден во Скопје и во Куманово, на кои триумфираше со убедлива разлика.

На Европското првенство во Измир, нашата репрезентација е во групата „А“ заедно со селекциите на Франција, Израел и Велика Британија.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ НА ТУРНИРОТ „БОБИ ПЕТКОВСКИ“-ГЕВГЕЛИЈА

15.ЈУЛИ (ПЕТОК)

17.00: Црна Гора - Бугарија

19.00: МАКЕДОНИЈА - Грција

16.ЈУЛИ (САБОТА):

17.00: Грција – Црна Гора

19.00: Бугарија - МАКЕДОНИЈА

17.ЈУЛИ (НЕДЕЛА):

17.00: Бугарија - Грција

19.00: МАКЕДОНИЈА – Црна Гора