29.07.2017

Јуниорите на Белгија посилни

Кошаркарите на Белгија им нанесоа пораз на нашите јуниори на Европското првенство (дивизија Б). Избраниците на Ѓорѓи Кочов имаа шанса да го поправат впечатокот од вчера, но Белгијците не им го дозволија тоа. На вториот натпревар на овој континентален собир, нашите јуниори запишаа пораз од 85-65 (22-12, 17-19, 23-13, 23-21)

СТРЕЛЦИ
Трсунов (8поени), Јордановски (7), Крстевски (9), Стојанов (11), Стојановски (2), Михајлоски (11), Какруки (12), Волкановски (3), Темелковски (2).