03.08.2019

Ништо не е загубено

јуниорите остануваат во борба за А дивизија

Седмиот натпревар на нашата машка јуниорска репрезентација на Европското првенство за кошаркари до 18 години го донесе и првиот пораз по девет дена откако започна натпреварувањето во Орадеа, Романија.

Нашите јуниорски репрезентативци минаа низ групната фаза без пораз, а потоа ја поразија и Естонија во рамки на четвртфиналето, но во полуфиналниот натпревар против Израел го запишаа првиот пораз со 66-78 (18-16, 6-27, 19-18, 23-17).

За кошаркарите кои ги бранат националните бои ништо не е загубено. Согласно системот за натпреварување, првите три пласирани репрезентации идното лето ќе настапуваат во најдобрите шеснаесет во Европа. Па така, нашите јуниори утре против Чешка (17:30) ќе имаат шанса за пласман во А дивизија во натпреварот за трето место.