Машката селекција на Македонија за кошаркари „Под 18“ години денеска патува за Ботевград, каде во наредните денови ќе реализира дел од планираните активности.
Подобро кажано, за време на викендот, ќе ги одигра првите официјални натпревари (ако не се земе в предвид оној меч против селекцијата „Под 20“ години) кои се квалификуваат како пријателски.
Тимот кој го предводи селекторот Горан Андреевски ќе одигра две средби против јуниорската репрезентација на Швајцарија.
Првиот ќе се игра утре попладне, од 18.часот, вториот пак е предвиден за 13. јули (недела), со почеток од 12.часот (двата натпревари ќе се играат по локално време).
На пат за Бугарија, селекторот Горан Андреевски поведе 13.кошаркари: Михајло Малиниќ, Илин Најков, Дамјан Данев, Дамјан Стојановски, Алексеј Нешовиќ, Дарјан Димовски, Христијан Несторовски, Марко Бајалџиев, Филип Сребров, Григориј Ѓорѓевиќ, Жарко Терзиевски, Ристе Букршлиев и Ѓорѓи Цветковски