04.08.2019

Јуниорите се пласираа на четвртото место

Нашата машка јуниорска репрезентација се пласира на четвртото место на Европското првенство за кошаркари до 18 години  (дивизија Б)откако на натпреварот за трето место загуби од соодветната селекција на Чешка со 89-80. 

Репрезентативците до 18 години кои ги бранеа националните бои во Романија групната фаза ја минаа фуриозно, без ниту еден пораз. Со максимални пет победи од пет одиграни натпревари јуниорите разигруваа против Естонија во четвртфиналето. Триумфот над нив им го донесе Израел како противник во полуфиналето кој пак им го нанесе првиот пораз на ова првенство. Тоа значеше борба за трето место против Чешка.

Јуниорите не успеаја да запишат триумф на осмиот натпревар на ова првенство и се пласираа на четвртото место.