31.07.2019 Нашата машка јуниорска репрезентација се пласира во четвртфиналето на Европското првенство, дивизија Б кое се одржува во Орадеа, Романија. Репрезентативците до 18 години, предводени од Тони Симиќ разигруваа против Ирска, Украина, Грузија, Словачка и против Данска во рамки на групната фаза и запишаа максимални пет победи на пет одиграни натпревари. Како првопласирани во групата Б, нашата јуниорска репрезентација ќе разигрува против второпласираната репрезентација од групата А – Естонија. Натпреварот ќе се одигра на 2. август.