21.06.2018 Нашата јуниорска репрезентација се враќа од Истанбул со два пораза кои ги запиша против репрезентацијата до 17 години на Турција. Во рмаки на првиот натпревар, избраниците на Панче Милевски запишаа пораз од 86-56 додека на вториот запишаа пораз од 87-56. Снимка од првиот натпревар ќе може да се прегледа на следниот ЛИНК, вториот на следниот ЛИНК. Репрезентацијата до 18 години се враќа в Скопје каде ќе продолжи со подготовки се до почетокот на Европското првенство (дивизија Б) кое ќе се одигра в Скопје. Закажани се и пријателски натпревари со соодветните селекции на Бугарија, Романија и на Австрија во почетокот на месец јули.