Јуниорсата репрезентација во машка конкуренција загуби на првиот натпревар од двомечот закажан против соодветната селекција на Бугарија. Во натпревар кој двете селекции си го предаваа водството притисокот врз арбитрите од тамошние навивачи го направи своето, па со неколку дискутабилни одлуки во последниот период домаќините успеаја да стигнат до победа од 84-74 односно 23-19, 25-22, 14-16 и 22-17 по делници.
Јуниорите уште еднаш ќе се пресметаат против Бугарија, утре, во истиот термин. Потоа следи враќање во Скопје и заминување за Виена на нов пријателски двомеч, против Австрија.
СТРЕЛЦИ:
Стојановски (4 поени), Крстевски (9), Панов (18), Михајловски (24),Какруки (19)